Беспрекорни Финансиски Услуги за Вашата Компанија
Како што расте Вашиот бизнис, ние го следиме секој Ваш чекор. Нашиот комплетен модел на услуги ќе Ви обезбеди вредни информации и совети. Како комплетен давател на услуги, ние не сме фокусирани само на сметководство, туку одиме неколку чекори понапред – ние сме проактивно ангажирани во однос на нашите клиенти за да обезбедиме навремени консултантски и советодавни услуги, помагјќи им да ја усогласат својата финансиска стратегија со деловните цели за да го достигнат следното ниво…
Сметководствени Услуги
Ажурното сметководство ѝ дава на вашата компанија веродостојно мерење на вашите перформанси. Исто така, обезбедува информации што Ви помагаат при стратешки одлуки и мерливост на приходите и целите поврзани со нив. Оставете им на нашите експерти да го водат Вашето сметководство, за да Вие може да се фокусирате на растот на Вашата компанија.
- Побарувања од купувачи
- Обврски кон добавувачи
- Приливи и одливи на денарска и девизна сметка
- Извештаи за парични текови и биланси
- Главна книга
- Основни средства
- Аналитика поврзана со клиенти
- Аналитика на добавувачи
- Месечни / квартални / годишни финансиски извештаи
- Пресметка на ДДВ
- Пресметка на добивка и данок на добивка
- Данок на личен доход
- Пресметка на плата
- Пресметка на амортизација
Даночни Консултации и Советувања
Во денешното сложено даночно опкружување, проактивното даночно планирање треба да биде дел од целокупната деловна и финансиска стратегија на Вашата компанија. Бидејќи даночните реформи продолжуваат да создаваат многубројни даночни промени, оставете ги нашите експерти да ве советуваат како да ги намалите и да управувате со даночните обврски. Тесно соработуваме со Вас за да креираме стратешки Даночен План кој може да ги поддржи Вашите деловни цели и да создаде можности за реинвестирање што може да се искористи за да се поттикне Вашиот раст, да се зголеми профитабилноста и да се финансираат иновации.
Даночно планирање
Подготвување на даночни пријави
Усогласување со државните и локалните даночни закони
Меѓународно даночно усогласување
Советување во однос на даноци
Данок на добивка
ДДВ
Данок по задршка
Персонален данок
Трансферни цени
Плати и HR Финансиски Услуги
Луѓето и талентите се најважните вредности на секоја компанија, додека локалното законодавство и оданочувањето на нивните надоместоци создава широк спектар на опции. Без оглед во која индустрија се наоѓате, Вашите вработени секогаш ќе бидат Вашите клучни вредности. Дозволете им на нашите експерти да се грижат за административните задачи поврзани со Вашите вработени и да Ви помогнат да се фокусирате на нив, одржувајќи ја мотивацијата на Вашите вработени на високо ниво.
Подготовка на плати и МПИН
Пресметка на бонуси и компензација за прекувремена работа
Боледувања и породилни отсуства
Дневници и деловни патувања
Финансиски бенефиции за вработените
Процесирање на записи за присуство
Пријавување и одјавување на вработени
